Брнабиќ: Курти му го покажува на светот своето вистинско лице!

Српската премиерка Ана Брнабиќ, реагираше на изјавата што премиерот на Косово, Албин Курти ја даде за Гардијан, во која изјави дека отстранувањето на барикадите на северот на Косово може да вклучи жртви и дека тој е загрижени за тоа.



Таа на својот Твитер профил напиша: „Преку изјавата за Гардијан, Албин Курти на светот му го покажува своето вистинско лице, заканувајќи им се на Србите со смрт и насилство наместо да изберат рационално решение со едноставно спроведување на Договорот од Брисел, почитување на владеењето на правото и ставање крај на самоволни апсења на невини луѓе“.

Според „Гардијан“, Курти предупредил дека Русија ги подгрева тензиите меѓу Косово и Србија поради слабеењето на трупите на таа земја во Украина.