Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, одговори на твитот на Карл Билт, шведски политичар и дипломат и копретседавач на Советот на Европа за надворешна политика и го обвини за ширење лажни вести откако Билд напиша дека авионот што донел помош од Европската унија на Србија не бил поздравен со „фанфари“ како оној претходно со кинеска помош, пренесе „N1“.
„Да претпоставиме дека ширењето лажни вести со испраќање силна политичка порака е резултат на недостаток на информации, а не на лоша намера“, напиша премиерката под твитот за Карл Билт.



Таа додаде дека авионот носел и помош од Кина, како и медицински материјали што ги порачала Србија.

„Нашите партнери во ЕУ платија за транспортот и многу го цениме тоа“, додаде Брнабиќ.

Шведскиот дипломат претходно напиша дека „кога Кина испрати авион за помош во Србија, претседателот Вучиќ од тоа направи големо шоу. Но, кога пристигна многу поважната помош од Европската унија, не можеше да се видат ниту фанфари ниту претседателот“.

Ана Брнабиќ, изјави дека кога илјадници луѓе секојдневно умираат во Европа, Карл Билт се занимава со тоа каде кој авион каде слетува.

Таа рече дека треба да го извести Билт дека авион со помош ќе пристигне и од Емиратите.

Реагираше и претседателот на Србија кој вели дека Карл Билт веројатно наседнал на „лажна вест“ и не разбрал чија помош се наоѓала во авионот.

„Претпоставувам дека немаат попаметни работа бидејќи седат дома и се грижат за себе, а тогаш нивната главна работа е да кажат нешто против мене и Србија“, рече Вучиќ.