Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, оцени дека изјавата на Албин Курти дека во иднина ќе гласа за спојување на т.н. Косово и Албанија може сериозно да го дестабилизираат целиот регион.
„Таа изјава е само уште еден камен во поткопувањето на темелите на регионалната стабилност и регионалната безбедност. Таа изјава може да предизвика големи пресврти во целиот регион.
Политиката на Албин Курти е јасна, и се чини тој не ја крие. Она што многу повеќе го загрижува е недостаток на реакции на меѓународната заедница“, рече премиерката.
На прашање дали е можно во иднина да се случи такво сценарио, Брнабиќ одговори дека се сомнева во тоа, но дека е потребно сите меѓународни актери да кажат дека тоа е невозможно.
„Зависи како меѓународната заедница ќе реагира на тоа, но тоа потоа би значело многу пошироки последици за целиот регион, но и за другите региони во Европа и светот.
Се надевам дека не се изјаснија само затоа што е викенд, па можеби не работат.
Иако гледаме дека Виола фон Крамон (специјалниот известувач за Косово) сака да ја критикува Србија и за време на викендите. Се уште се надевам дека ќе одговорат“, заклучи таа.






