Постои реална можност Путин на 30 септември во своето обраќање пред двата дома на рускиот парламент формално да ја објави анексијата на окупираните региони на Украина од страна на Руската Федерација, се наведува во дневниот брифинг на британските разузнавачи.
„Референдумите“ кои моментално се одржуваат на овие територии треба да завршат на 27 септември, вторник, јавува руската служба на Би-Би-Си.
Руските лидери се надеваат дека секоја најава за анексија на териториите ќе се смета за оправдување за „специјалната воена операција“ и ќе ја зајакне патриотската поддршка за конфликтот.
Тие аспирации веројатно ќе бидат поткопани со зголемениот отпор во јавноста по неодамнешните неуспеси на бојното поле на Русија и по делумната мобилизација објавена минатата недела, анализираат британските разузнавачи.






