Руската информативна агенција РИА Новости јави дека британскиот премиер Борис Џонсон е приклучен на респиратор, откако синоќа беше хоспитализиран во Лондон по десетдневна домашна самоизолација поради позитивниот тест на коронавирус!
„Џонсон е итно хоспитализиран и ќе биде подложен на механичка вентилација на белите дробови“, изјавил за РИА извор близок на раководството на британскиот Национален здравствен систем (НХС).
„Даунинг стрит“, пак, претходно соопшти дека шефот на британската Влада е примен во болница по совет од својот лекар.
„Ова е превентивен чекор, бидејќи премиерот и понатаму има постојани симптоми на коронавирус десет дена по позитивниот тест на вирусот“, наведоа од неговата канцеларија.
Џонсон на 27 март потврди дека е заразен со вирусот од кој во Велика Британија има 47.806 регистрирани случаи и 4.934 починати, од нив 621 само во последните 24 часа.




