На кралот Чарлс му бил дијагностициран рак и денеска почнал да се лекува, соопшти Бакингемската палата.
Неговата дијагноза доаѓа по лекувањето во болница од зголемена простата, иако палатата соопшти дека тој нема рак на простата.
Палатата не потврди каков вид на рак има 75-годишниот британски монарх.
Војводата од Сасекс разговарал со својот татко за неговата дијагноза и ќе отпатува во Велика Британија за да го види во наредните денови, изјави извор близок до принцот Хари.
Палатата соопшти дека кралот лично ги повикал Хари и принцот од Велс – како и неговите браќа и сестри, принцезата Ројал, војводата од Јорк и војводата од Единбург – за да ги споделат вестите за неговото здравје.
Се смета дека престолонаследникот, принцот Вилијам, е во редовен контакт со неговиот татко.
Монархот започна со распоред на редовни третмани и се вели дека добива стручна медицинска нега од специјалистички тим.
Но, лекарите му советуваа да ги одложи своите должности поврзани со јавноста.
Кралот утринава отпатува од Сандрингем во Норфолк во Лондон за да започне со амбулантско лекување. Вечерва е дома во Лондон, најверојатно во Кларенс Хаус.
Портпаролот на палатата изјави: „Неговото височество е лекувано од бенигно зголемување на простатата. Токму за време на оваа интервенција беше забележано посебно прашање за загриженост и последователно дијагностицирано како форма на рак. Оваа втора состојба сега ќе добие соодветен третман“.
Вчера кралот беше фотографиран како им мавта на луѓето откако тој и кралицата присуствуваа на црковна служба во Сандрингам.






