Британски сеизмолог предупредил на катастрофата во Турција пред неколку дена (ВИДЕО)

Британски сеизмолог од Институтот за сеизмички анализи SSGEOS го предвидел земјотресот во кој ноќеска во Турција и Сирија загинаа над 500 луѓе.



Истражувачот Франк Хогербитс пред два дена предвиде дека Турција и Сирија наскоро ќе бидат погодени од силен земјотрес.

,,Порано или подоцна ќе има земјотрес со јачина од 7,5 M # во овој регион (Јужна-Централна Турција, Јордан, Сирија, Либан)”, напиша Хогербитс завчера предвидувајќи силен земјотрес таму каде што навистина се случи ноќеска.