Велика Британија воведе санкции против поранешна сопруга на Путин и некои негови родниви, пренесува Ројтерс.



„Ја разоткриваме и напаѓаме мрежата во сенка која го овозможува луксузниот начин на живот на Путин и го стегаме обрачот околу внатрешниот круг на неговите најблиски“, изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трус.

Таа увери дека нејзината земја ќе продолжи да ги санкционира сите оние кои ја поддржуваат агресијата на Путин додека Украина не победи.

Со нивите санкции се опфатени 12 лица: Поранешната сопруга на Путин, Људмила, братучедот на рускиот претседател – бизнисменот Игор Путин, заменик-претседателот на осигурителната компанија „Согаз“ Михаил Путин и претседателот на одборот на директори на „Групата на компании МАРТ“ Роман Путин…