Британски пожарникари ќе извозат 2.500 км до Македонија за да подарат три возила и опрема

Пожарникари од округот Западен Сасекс во југоисточниот дел на Велика Британија в недела тргнуваат на пат долг над 2.500 километри за да донираат три комплетно опремени возила за гасење пожар во Македонија, објави „Вортинг хералд“.



Тие ќе возат низ Франција, Италија и Албанија, а во Македонија се очекува да пристигнат в среда, за што ќе им бидат потребни вкупно 22 часа возење.

Патувањето е дел од проектот „Пожарникарска хуманитарна помош“, а возилата употребувани до 2019 година ќе им бидат подарени на колегите во Новаци, Македонска Каменица и Свети Николе. Тие ќе добијат и 150 противпожарни комплети, вклучувајќи и чизми и шлемови.

Осумтемина британски пожарникари што ќе пристигнат во Македонија ќе останат четири дена за да ги обучат своите македонски колеги за користење на возилата и на опремата, по што ќе се вратат дома со авион на 21 ноември.