Министерот за правда на Велика Британија, лорд Дејвид Волфсон, поднесе оставка на функцијата, откако британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак беа казнети заради прекршување на антиковид-правилата во земјата, јави Политико.
Волфсон во писмото испратено до премиерот, а што го објави и преку својот твитер-налог, истакнува дека постапките на Џонсон не се „во согласност со владеењето на правото”.
Борис Џонсон плати казна за забавите но одбива да даде оставка
Лордот Волфсон истакнува дека би било погрешно „таквото однесување на мине неказнето, особено кога многумина други во општеството ги почитуваа правилата и платија висока цена, додека други биле казнувани или кривично гонети за слични, понекогаш наизглед тивијални прекршоци”.
Волфсон е прв член на британската Влада што поднесува оставка по објавувањето на скандалот со забавите организирани за време на антиковид-рестрикциите.







