Украина може да изврши „сосема легитимни“ напади врз цели во Руската Федерација. Пробивањето на логистиката на непријателот и уништувањето на непријателските магацини е дел од војната. Ова го изјави министерот за вооружени сили на Обединетото Кралство Џејмс Хипи во етерот на Тајмс радио, пренесе Gardijan
„Факт е дека Украина беше суверена држава која живееше мирно во нејзините граници, а потоа друга држава реши да ги прекрши тие граници и таму да испрати 130.000 војници.
Ова го означува почетокот на војната меѓу Украина и Русија и во војната, Украина мора да да удри длабоко во непријателот за да ги нападне неговите логистички линии, резерви гориво, складишта за муниција и ова е дел од војната“, рече Хипи.
Според него, „сосема е легално Украина да нишани длабоко во Русија за да ја наруши логистиката, која, доколку не се наруши, директно ќе придонесе за смртни случаи и масакри на украинска почва“.






