Британски генерал: Зеленски ќе мора да се откаже од 10-15 отсто територија!?

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе мора да прифати дека 10-15% од украинската територија ќе остане под руска контрола, изјавил поранешниот началник на британскиот Генералштаб, лорд Ричард Данат.



Тој вели дека руските трупи нема доброволно да ги напуштат окупираните територии на Украина.

„Сите меѓународни изјави може да бараат од Русија да се повлече на границите на 24 февруари, да ги врати окупираните територии во Донбас, но зошто по ѓаволите овие територии би биле отстапени?“, праша генералот Данат како што пренесува Индекс.хр.

„Се разбира, тие нема да заминат доброволно, а НАТО и коалицијата на западните земји нема да започнат голема операција за нивно протерување од таму.

Кисинџер: украина да ѝ даде територии на Русија во замена за мир

Според британскиот генерал, вистинските преговори ќе започнат само доколку Украинците продолжат да држат силна одбрана во Донбас, а руските трупи da се исцрпат…

Сепак, според лордот Данат, претседателот Зеленски ќе мора да прифати дека 10-15% од украинската територија ќе остане под руска контрола.

Претседателот Зеленски, како и други претставници на украинските власти, категорично изјавија дека нема да се согласат на ниту една опција за мирно решение, што подразбира напуштање на кој било дел од територијата на Украина.