Дваесет и деветмина членови на британската евроскептична партија „Брегзит“ на Најџел Фараж денеска се свртеа со грб во Стразбург кога беше интонирана химната на ЕУ, „Ода на радоста“.
Британските европратеници за прв пат се појавија во зградата на Европскиот парламент, откако партијата „Брегзит“ оствари голем успех на европските избори.




