Британски експерт за безбедност: Албанските криминалци од Албанија, Косово и Македонија презедоа контрола на 4 мафијашки бизниси

Британскиот екс политичар, дипломат, офицер и полициски службеник Хенри Болтон кој е експерт за меѓународна безбедност вели дека мафијаши со албанско потекло од Албанија, Косово и Македонија имаат контрола на четири важни криминални структури во Велика Британија и дека борбата со нив ќе предизвика многу проблеми.



,,Албанските криминалци (од Албанија, Косово и Република Македонија, каде што се борев со нивните криминални групи три години) ја презедоа контролата врз хероинот, кокаинот, шверцот со оружје во Обединетото Кралство и „пазарите“ на шверц на луѓе. Затворањето ќе биде хаотично”, пишува Болтон кој како претставник на Велика Британија бил присутен во регионов уште пред Косовската криза.

Тој вели дека пред 2006 година кога тогашниот премиер Тони Блер ја затворил програмата за борба со балканската мафија имало успех во борбата со овие криминалци но дека сега ќе биде тешко Лондон да се состави со нив.

Ова е прво јавно предупредување дека Албанци од Македонија се дел од мафијашки групи за кои се зборува во Британија.