Британски академик дава адреса и решение за најновиот ,,Македонски јазол”

Британскиот професор и академик Џејмс Петифер дава можно решение на македонскиот јазол предизвикан од францускиот предлог по вкус на Бугарија.



Тој ги коментира вчерашните протести пред владата кои ги оправдува и бара повеќе интерес од западот за Македонија која ја нарекува северна во наводници.

,, Масовни демонстрации. На оваа криза во развој и треба многу повеќе меѓународно внимание отколку што добива. Стабилна „Северна“ Македонија е од витално значење за стабилноста на целиот регион, време кога државата во DC (District Capitol, Вашингтон САД) ќе рече НЕ на ужасните француско-бугарски предлози”, пишува академикот кој добро ја познава состојбата во регионот каде е присутен во разни капацитети последните 30 години.

Повеќе дипломати во регионот сметаат дека Велика Британија која официјално молчи за францускиот предлог, преку Петифер кој е близок со разни британски државни служби, испраќа порака на несогласување со официјален Париз за последната голгота на Македонците.