Британската кралица прослави 93 роденден

Најдолговечната британска владетелка, Кралицата Елизабета Втора, денеска, на Велигден, го прослави 93-от роденден.



Елизабет Александра Мери Виндзор е родена на 21 април 1926 година во Лондон. Кралица станала на 6 февруари 1952 година кога имала 25 години.

На 9 септември 2015 таа ја надмина својата прабаба Викторија (1837-1901), која владеела 63 години, седум месеци и два дена.

Та е во брак со принцот Филип веќе 68 години.