Британската катастрофа со Екс Ју на Евровизија (ТВИТ НА ДЕНОТ)

Британски новинар открива дека од сите држави од поранешна Југославија кои учествуваа на Евровизија ниту една не дала ниту еден поен на британскиот натпреварувач Сем Рајдер на јавното гласање.



Тие се единствените од сите 40 учесници кои не дале ниту еден бод на Велика Британија која на крајот беше втора.

,,Петте земји кои на Обединетото Кралство и дадоа нула поени на јавното гласање на #Евровизија

Хрватска
Црна Гора
Македонија
Србија
Словенија”, пишува новинарот Сем Стрит кој објавува фотографија на Јосип Броз Тито во обид да сугерира зошто Велика Британија не добила нити еден поен од екс земјите на Југославија.

Босна и Херцеговина и Косово не се меѓу учесничките на Евровизија.