Британска лабораторија не може да докаже дека гасот „новичок“ е руски

Научниците од британската лабораторија Портон-Даун не успеале да утврдат каде бил направен нервнот агенс кој бил употребен во труењето на Сергеј и Јулија Скрипал, на почетокот на март во британскиот град Созбери.



Гери Ајткенхед, главен извршен директор на Лабораторијата за одбранбена наука и технологија (DSTL) во Портон Даун, изјави за Скај Њуз дека не биле во можност да докажат дека нервниот гас наречен „новичок“’ бил направен во Русија.

„Бевме во можност да го идентификуваме како novichok, да го идентификуваме како боен нервен гас“ изјавил Ајтхенхед и додава дека „не го идентификувавме прецизниот извор, но ние им ги дадовме научните информации на владата, која потоа користеше голем број други извори за да ги собере во заклучоците до кои дојде“.

Сепак Ајткенхед вели дека пронајдениот „новичок“ можел да биде направен само од некоја држава и вели дека утврдувањето на неговото потекло бара и„други инпути“, некои од нив базирани на разузнавање, до кои Владата има пристап.

Научникот вели дека против овој нервен гас нема противотров.

Британија ја обвини Русија за труење на двојниот агент Сергеј Сјкрипал, по што следеа протерувања на руски дипломати од Британија САД но и од двесетина други држави по што Москва одговори со реципрочно протерување дипломати од тие земји.