Британска функционерка масовно “тролана” и критикувана за договор со Македонија

Британската државна секретарка за меѓународна трговија Елизабер Трус стана мета на огромен број критики и шеги од нејзините сограѓани поради објавата на потпишан договор за продолжување на договорот за трговија со Македонија.



Најголем број од луѓето и забележуваат на секретарката дека потпишува договор со земја која не може да се спореди со ЕУ, дека договорот ќе прекине Ког Македонија ќе стане членка на ЕУ и на малата трговска размена од 1,8 милијарди фунти што е само 0,11 од надворешната трговија на Обединетото Кралство.

За споредба Велика Британија имаше трговска размена со ЕУ од 700 милијарди фунти.

„Уште една зделка направена: Денес потпишавме договор за континуитет со С. Македонија.”

Со трговија меѓу нашите земји во вредност од 1,8 милијарди фунти, овој договор им дава сигурност на деловните субјекти и го отвора патот за зголемена трговија во иднина”, пишува Трус која е и пратеник во бтистскиот парламент.

На твитот на Трус за 10 часа имаше над 2600 коментари, голем дел од нив полни со британски хумор и со иронија за договорот кој е само продолжување на стариот трговски аранжман со Македонија.