Британија заминува од ЕУ, Шкотска од Британија!?


Премиерката на Шкотска Никола Старџен, порача дека земјата не може да остане „заробена против своја воља во Обединетото кралство, доколу успее „Брегзит“ и најави одржување нов референдум за независност на Шкотска.



Граѓаните на Шкотска се противат Британија да ја напушти ЕУ.

Старџен вели дека успехот на нејзината Шкотската национална партија која на парламентарните избори освои 49 пратеничкли места, ѝ дава мандат за нов референдум за независност на Шкотска.

Британскиот премиер Борис Џонсон, веднаш се спротивстави на оваа идеја, но Старџен вели дека доколку Обединетото Кралство продолжи да постои како унија, тоа ќе може само со консензус.

Според нејзините зборови, британската влада се лаже ако мисли дека евентуалното одбивање на референдумот ќе означи и крај на тоа прашање.

„Тоа е суштинската точка на демократијата. Не можете да ја држите Шкотска во унија против нејзината волја.

Не можете да не затворите во плакар, да не заклучите и да се надевате дека сето тоа ќе пројде“, порача таа.