Британската полиција го приведе најмладиот дилер со кокаин во историјата на оваа земја. Станува збор за деветгодишен ученик од основното училиште, открива „Мирор“.
Според таблоидот тој бил приведен но против него не може да се покренат обвиненија бидејќи сè уште нема 10 години.
Над оваа возраст, во Англија и Велс може да се сноси кривична одговорност.
Според полицијата, момчето било принудено да тргува со дрога од страна на еден од неговите родители или постар брат или сестра.







