Британија обучува украински командоси за напад на Крим

Британските трупи обучуваат елитна украинска бригада командоси за да ги порази руските сили и да го поврати Крим пред Божиќ, тврдат британски медиуми.



Повеќе од 2.000 војници пристигнаа на оддалечена локација на Дартмур за да учествуваат во специјалистички вежби.

Изворите велат дека тие ќе го формираат „врвот на копјето во инвазијата“, додека две други сили ќе организираат истовремени напади.

Во саботата вечерта, шефот на украинското разузнавање Кирило Буданов потврди дека силите „наскоро“ ќе влезат на Крим.

Операцијата ќе вклучи удари од воздух, копно и море со украински командоси кои користат технологија за да ги поткопаат и парализираат руските трупи.