Британската влада потпиша договор за испраќање на некои баратели на азил кои влегле во Британија во – Руанда.



Потегот опозициските политичари и невладините организации (НВО) го осудија како неоперативен и нехуман, пишуваат британски медиуми.

Лондон им се извини на украинските бегалци за бавното издавање визи

Министерката за внатрешни работи Прити Пател се очекува денеска во Руанда да објави детали за она што владата на Обединетото кралство го нарекува „партнерство за економски развој“.

Медиумите наведуваат дека планот предвидува некои неженети мажи кои пристигнуваат во Британија преку Ла Манш со мали чамци да бидат испратени на 6.400 километри подалеку – до Руанда додека се обработуваат нивните барања за азил.

Договорот ќе ја чини Британија околу 158 милиони долари, целта е да се „прекине“ бизнис моделот на криминалните банди за трговија со луѓе.

Премиерот Борис Џонсон денеска изјави дека луѓето кои сакаат да го „злоупотребат“ британскиот имиграциски систем ќе бидат преместени во трета земја или во земја на потекло.

Мигрантите долго време ја користат северна Франција за влез во Британија со камиони, траекти, чамци или мали бродови, обично организирани од трговци со луѓе.

Повеќе од 28.000 луѓе влегле во ОК со мали чамци минатата година…