Британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак ќе бидат казнети поради забавите што се одржуваа во седиштето на владата во периодот на најстрогиот карантин поради коронавирусот, јави Би-Би-Си.



Официјални лица кажаа дека тројцата добиле известување за казните од лондонската полиција.

Тројцата биле пријавени за собирот по повод роденденот на Џонсон во јуни 2020.

Опозицијата ги повика Џонсон и Сунак да поднесе оставка.

„Овие казни покажуваат дека Конзервативците се тотално неподобни да владеат. Британија заслужува подобро. Џонсон и Сунак го прекршија законот и во континуитет ја лажеа британската јавност. Тие мора да поднесат оставки“, изјави лидерот на Лабуристите, Кир Стармер.