Конфликтот е доведен „на нови и опасни нивоа“, оцени рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во врска со испораката од Велика Британија на муниција со осиромашен ураниум за Украина.



Лондон во понеделникот потврди дека ја снабдува Украина со ваков вид муниција која полесно продира во тенкови и оклопи.

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли претходно денеска изјави дека потегот не е нуклеарна ескалација во војната, пренесе Ројтерс.

„Нема закана за Русија, се работи само за помош на Украина да се одбрани“, рече тој.