Велика Британија стана првата земја во светот што ја одобри вакцината Pfizer / BioNTech за широко распространета употреба, објави Би-Би-Си.



Британскиот регулатор, вели дека вакцината, која нуди до 95% заштита од Ковид-19, е безбедна за употреба следната недела. Имунизациите ќе започне за неколку дена за оние на кои им е најпотребна, како што се постари, ранливи пациенти.

Велика Британија веќе нарача 40 милиони дози – доволно за вакцинирање на 20 милиони луѓе.

Наскоро треба да бидат достапни околу 10 милиони дози, со првите 800.000 пристигнати во Велика Британија во наредните денови.

Премиерот Борис Џонсон објави на Твитер дека вакцината „ ќе ни овозможи да ги повратиме своите животи и повторно да ја придвижиме економијата“.