Британија ја одобри „Оксфордската вакцина“

Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус, изработена од универзитетот Оксфорд и „АстраЗенека“.



Велика Британија е прва земја што ја одобри оваа вакцина досега.

Најновите истражувања покажаа дека вакцината на Оксфорд е ефикасна 90 проценти и за разлика од вакцината на „Фајзер“ не мора да се чува на екстремно ниски температури, што го олеснува чувањето.

Вакцината на Оксфорд во јануари се очекува да биде одобрена во Европската унија.

извор: Makfax