Околу 8.000 војници на британската армија ќе учествуваат во вежби ширум источна Европа за борба како одговор на руската агресија во Украина.
Британското Министерство за одбрана објави дека ќе испрати и десетици тенкови, хеликоптери и артилерија во едно од најголемите воени прераспоредувања по Втората светска војна, пишува Гардијан.
На британските сили ќе им се придружат илјадници војници на НАТО стационирани во широк опсег на земји, од Финска до Македонија.
Агенцијата соопшти дека вежбите имале за цел да покажат како војската на Обединетото кралство еволуирала во „смртоносна, агилна и глобална сила“.
Вчера британскиот министер за одбрана Бен Валас изјави дека Русија треба да биде принудена да ја прекине воената интервенција во Украина, оставајќи ја целата територија на земјата, вклучувајќи го и Крим.







