Летовите за депортација на луѓе назад во Албанија се зголемени откако Албанија минатиот месец потпиша договор за заедничка соработка со Велика Британија за „да ги одврати луѓето од илегална миграција“.
Британија: Илјадници Албанци ќе бидат вратени дома
Британското МВР соопшти дека од потпишувањето на договорот се вратени повеќе од 1.000 лица, од кои половината доброволно.
Според Би-Би-Си на некои им биле понудени пари во замена да се согласат на депортација, а оние кои се согласиле биле ослободени од затвор пред да ја отслужат минималната затворска казна според постоечкиот сет на закони што се користат за странските престапници.
Албанската полиција потврди дека повеќето од насилно вратените годинава биле осудени за злосторства во Велика Британија.
Неименуван повратник во Албанија изјавил за британскиот јавен сервис дека му биле понудени 1.500 фунти за да се врати дома, во рамките на програмата ФРС (Шема за олеснето враќање).
„Офицерот за имиграција дојде да не види. Тие прашуваат дали сакате да се вратите во Албанија или да останете во ОК. Објаснија дека ако се вратиш, ќе ти симнат една година затворска казна“, рече тој.







