Министерот за здравство на Велика Британија, Мет Ханкок,објави дека ќе започнат со тестирање на вакцини против коронавирус врз луѓето, а тоа ќе започне утре, пренесе Би-би-си.



Тој тврди дека шансите да биде успешна оваа вакцина се 80 проценти.

Истовремено почна и производството на вакцина со план до септември да бидат произведени еден милион дози.

И во Германија произведена е вакцина против коронавирус во соработка на германската компанија BioNTech и американскиот фармацевтски гигант Pfizer која е лиценцирана за тестирање врз луѓе.

Тестирањето ќе започне на 200 здрави лица на возраст меѓу 18 и 55 години.