Велика Британија и ЕУ престанаа да увезуваат руски јаглен како дел од санкциите воведени поради руската војна во Украина.
Oва ограничување има за цел да и наштети на руската економија.
Во исто време, Велика Британија мораше да преземе доста сериозни мерки, со оглед на тоа што земјата беше значително зависна од испораките на руски јаглен.
Русија е еден од најголемите извозници на јаглен во земјите на ЕУ.
Според податоците на Министерството за енергетика на Руската Федерација, Русија во 2021 година испорачала 48,7 милиони тони јаглен на земјите од ЕУ, или 21,8 отсто од вкупниот извоз на овој енергенс.






