Бриртанската полиција уапсила албанска банда која киднапирала 30-годишен маж и барала откуп од 400.000 фунти. Албанците ја тепале и мачеле жртвата поради неплатени долгови.
Полицијата од Лондон, британската Национална агенција за криминал (NCA) и албанската полиција спроведоа серија рации минатата недела за да го спасат киднапираниот маж.
Албанската полиција соопшти дека се уапсени седум лица, сите државјани на Албанија, пишува The Telegraph.
Киднаперите го контактирале братот на жртвата и му испратиле видео снимки, по што тој повикал албанска полиција. Наводно, бандата побарала откуп од 400.000 фунти од семејството и им дала четири дена да ја наплатат споменатата сума.
Полицијата го пронашла и ослободила 30-годишниот и тој сега е безбеден под полициска заштита.






