Британските власти од 30 март почнаа да издаваат пасоши без натписот „Европската унија“ .
Британка на „Твитер“ напиша дека била изненадена кога видела дека на нејзиниот нов пасош на корицата го немало натписот “Европската унија” и побарала објаснување од британските власти.
Од Министерството за надворешни работи одговориле дека залихите на „стари“ пасоши со ЕУ ознака не се исцрпени, но дека и двете верзии се важечки.




