46 милиони
гласачи во Велика Британија денеска, по трет пат за 6 години, гласаат на
предвремени парламентарни избори, а нивниот исход ќе биде клучен за излегување
на земјата од Европската унија, што премиерот Борис Џонсон го вети за 31
јануари.
Ова е трет пат по шест години Британците да гласаат на парламентарни избори, а
овој пат, покрај избор на нова владејачка партија, тие имаат товар да одлучат
како, кога и дали нивната земја воопшто ќе ја напушти Европската унија.
Џонсон се надева дека ќе добие мнозинство пред лидерот на лабуристите Џереми Корбин
за го спроведе напупштањето на ЕУ што го договори со Бриел.
Корбин ветува нов референдум за Брегзит – доколку победи.
Овие избори би
можеле да бидат пресвртница и за актуелниот премиер Борис Џонсон, кој, доколку
ја изгуби власта, ќе стане премиер со најмал стаж на Даунинг стрит 10, каде се
пресели во јули годинава.
Конзервативците се на власт веќе девет години и во моментов имаат 298 места во
Долниот дом, а Џонсон рече дека доколку победи на мнозинство, тој ќе го заврши
процесот за напуштање на ЕУ, кое е одложено за 31 јануари.




