„… на претходно напишаната порака со говор на омраза: ,,смрт на ш*****ите“, го избришав зборот ,,ш*****ите“ а допишав: ,,омразата“ и ,,љубов за сите“. Зошто во известувањето не е наведено дека јас сум избришала говор на омраза и на местото со навредувачка содржина сум допишала мирољубива порака“ пишува скопјанката Гордана Пиркоска Змијанац на ФБ изненадена дека за ова добила прекршочна пријава.
Не можам да ја опишам мојата вчудоневиденост кога утрово бев известена дека против мене е поведена прекршочна постапка поради ,,…оневозможување за користење или оштетување на јавни згради, јавни чешми, извори, плажи, паркови или други јавни објекти и инсталации.“ Понатака се вели дека ,,на наведената дата, време и место, со спреј, на ѕидот од зградата сум испишувала графити со содржина ,,смрт за омразата, љубов за сите“, сподели Пиркоска Змијанац на Фејсбук





