Брисел: Итно формирање на ЗСО на Косово

Формирањето Заедница на општини со српско мнозинство на Косово е еден од итните приоритети, изјави денеска портпаролот на Европската унија Петер Стано.



Тој изјави дека од суштинско значење е да се продолжи дијалогот со посредство на ЕУ и брзо да се спроведе договорот.

„Ова го вклучува и формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство како еден од итните приоритети“, посочи Стано.