Брисел го „олади“ Белград!


Србија може да отвори само едно поглавје од преговорите со ЕУ до крајот на јуни, кога завршува и романското претседавање со Унијата, пишува „Вечерње новости“.

Според неименувани дипломатски извори во Брисел, би било поглавјето 9, кое се однесува на финансиските услуги, но, според  белградскиот весник, ни за тоа не е постигнат конечен договор меѓу земјите-членки.

„Новости“ пишува дека постои и опција во јуни воопшто и да не биде закажана меѓувладина конференција на Србија и на ЕУ .
Весникот додава дека таков „студен туш“ за европската интеграција на Србија бил долго време неофицијално најавуван,  поради внатрешните проблеми во рамките на ЕУ, така и поради обидот да се изврши дополнителен притисок врз Белград во процесот на решавање на косовското прашање.