Иран поднесе барање за приклучување кон групата БРИКС, пренесува Интерфакс.
БРИКС е економска алијанса чии членки се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Саид Хатибзадех изрази надеж дека членството на Иран во БРИКС ќе донесе „дополнителни придобивки“ за сите страни.
Во исто време, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, соопшти дека и Аргентина поднела барање за членство во оваа економска алијанса на група земји.
Ројтерс наведува дека аргентинските власти не биле достапни за коментар во врска со таа информација.







