Брегзит одложен за шест месеци

Лидерите на Европската унија ѝ дадоа на британската премиерка Тереза ​​Мај нов рок за напуштање на Велика Британија со договор до 31 октомври.



Тоа е 4 месеци повеќе од бараниот 30 јуни, кој го бараше Меј.

„ЕУ27 и Велика Британија се согласија за флексибилно продолжување до 31 октомври“, објави во Твитер претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск по осумчасовните  преговори со британската премиерка Тереза Меј. Тоа значи дополнителни шест месеци во за да се најде најдоброто можно решение за излегување на Британија од Унијата со договор.

Одлуката на европските лидери беше донесена само еден ден пред датумот кога Велика Британија мораше да го напушти блокот без договор – 12-ти април.

Тереза ​​Меј сега ги смирува евроскептиците дека Велика Британија се уште може да го напушти блокот порано, но само ако парламентот обезбеди поддршка за договорот на премиерката со Брисел.