На социјалните мрежи попалднево се споделуваат снимки од реката Брегалница која е обоена во бело.



„Од населбата „Македонка“ па се до штипско Ново Село реката Брегалница е обоена во бело, а покрај неа се чувствува мирис на лак“, пишува Плусинфо.

Екипа на крим-техника од Полициска станица – Штип прави увид по течението на река Брегалница, додека пак  членовите на спортското здружение „Брегалница“ веќе два часа се на терен и бараат од каде се испуштаат хемикалиите во реката Брегалница. Тие бараат веднаш инспекторите за животна средина да излезат на терен, да земат мостри од реката и да се пронајде виновникот..