Фудбалскиот интернационалец Лео Матос, кој игра за грчкиот шампион ПАОК од Солун, од Бразилец стана „Македонец“.
По вчерашната победа против атински Олимпијакос и освојувањето на грчкиот Куп, кој следеше на шампионската титула, Матос во јавноста се појави со маичка на која на англиски јазик пишува: „Ова е ПАОК од Македонија, шампион на Грција и освојувач на грчкиот Куп 2017/2018 на терен“.

Навивачите на ПАОК се најрадикални противници на какво било решение за името што ќе го содржи зборот Македонија.
Сопственик на клубот е рускиот тајкун Савидис, чија фирма е сопственик на Солунското пристаниште, а има блиски релации со партијата на Путин, Единствена Русија.
ПАОК секогаш досега се промовирал како еден од најголемите грчки клубови, а сега станува и „македонски“.





