Братот на потпретседателот на СДСМ кој беше посочен од член на Шарената револуција како вработен во владиниот секретаријат за евроинтеграции (СЕП) благодарение на непотизам, не е задоволен со позицијата помлад соработник.
Извори во СЕП тврдат дека Енис Зекири кој од 2011 бил “рамковно” вработен во Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор (не одел на работа а земал плата) сега поднесол барање за шефовско место и тоа во секторот за јавни набавки.
Братот на Мухамед Зекири кој од техничката влада во 2016 година е вработен во СЕП сега бара унапредување врз основа на работно искуство.
Во своето барање пишува дека има 7 години работно искуство. Од нив 5 години седел дома и примал плата и две години бил помлад соработник.
Сепак извори во СЕП велат дека тој и покрај законските претпоставки има шанса да стане заменик раководител одговорен за јавни набавки во евроинтеграциите.
Во СЕП сега се чека одлуката на комисијата која ги разгледува барањата и конечниот збор на вицепремиерот Бујар Османи кој бил свесен дека јавноста ќе реагира негативно на непотизмот и унапредувањето на братот на потпретседателот на СДСМ.
Исповест на експерт за ЕУ: Останав на улица а братот на Мухамед Зекири вработен во владата





