Флорим Бесими пратеникот од редовите на ДУИ, поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието.
Во соопштение до јавноста тој се заблагодарува на довербата што е избран за пратеник, но вели дека чувствува морална обврска да го врати мандатот на пратеник во Собранието ма РСМ, со цел да се ибегне можен конфликт на интереси со мојот глас во собранието.
„Оваа одлука ја донесов на денот кога беа објавени имињата на кандидатите за министри на новата влада, која произлезе од гласот и слобота воља на граѓаните на парламентарните избори одржани на 15 јули.
Оваа моја одлука е по предходна консултација и потполна координавија со претседателот Али
Ахмети.
Оваа одлука ќе се спроведе според законот и нормативните процедури на Собранието.
Големите историски договори за доброто на народот, се над мојот пратенички мандат.
Се враќам во служба на граѓаните, таму каде можам повеќе да допринесам, во мојота професија, во мојот град.
Господ да ве благослови и посакувам заедно да постигнеме уште повеќе, во прилог на нашата заедничка благосостојба.
Ви се заблагодарувам на вашата подршка и доверба“, стои во соопштението на Флорим Бесими.
Од Антикорупциска вчера предупредија дека пратеникот на ДУИ, Фљорин Бесими нема да може да гласа за изборот на новата влада, бидејќи неговиот брат, Фатмир Бесими, е кандидат за министер за финансии.






