Хашмат Гани, братот на авганистански претседател Ашраф Гани кој избега од земјата, вели дека го прифатил преземањето на власта од страна на талибанците
Гани за Ал џезира изјавил рече дека признавањето на новиот поредок во Кабул е неопходност „за народот во Авганистан“ во време кога странските сили се само неколку дена пред конечното повлекување.
Гани, бизнисмен и поглавар на авганистанското номадското племе Кочи, во последните денови се состанал со талибанските лидери. Тој рече дека се согласува да ја признае транзицијата на власта.
За разлика од неговиот постар брат, поранешниот претседател Ашраф Гани, тој тврди дека никогаш немал намера да ја напушти земјата.






