Читам сега дека брат му на лицето Вице Н. кој според кривична пријава од МВР рекетирал фирма за тендер во РЕК Битола повторно лажел.
Покрај тоа што не набедува дека Македонците ги сметаат сите Бугари за фашисти или целата бугарска нација за фашистичка, што воопшто не е точно, премиерот Заев без око да му трепне лаже за општопознати работи иако лагата се открива за 2 минути.
Тој е свесен дека Македонците никогаш не ги сметале сите Бугари за фашисти туку само тие што влегле во сојуз со Хитлер во текот на втората светска војна но кога е ставен во ќош се обидува да манипулира и да ги обвинува Македонците за секакви глупости само за да ја смени темата.
Освен лажните дефокуси Заев лажно тврди дека никаде во светот фашизмот не се нарекувал според државите или нациите што биле фашистички.
Дека тоа е лага може да се открие за неколку минути дури и ако не знаете англиски или германски јазик.
За тие што им е мака да просурфаат еве им линк до водечката светска агенција за трговија со фотографии Гети Имиџис каде има 203 фотографии со назнака Фашистичка Бугарија.
Информацијата е напишана на германски јазик.
https://www.gettyimages.ch/fotos/fascist-bulgaria#
Дека Заев лаже има стотици примери и во историски учебници и медиуми но и во врвни научни списанија и енциклопедии, меѓу нив и Британика.
Не илјадници, туку милиони референци за фашизмот во Германија, Италија, Шпанија, Јапонија, Унгарија, Норвешка, Бугарија, Хрватска, Романија… И низа други земји па дури и Велика Британија каде постоел фашизмот во различни облици и фирми.
За тоа се пишуваат научни трудови, книги, учебници, се снимаат документарци, серии и филмови и никој од авторите не е обвинет дека сите а Германци ги прави нацисти, сите Италија и фашисти, сите Хрвати усташи или сите Бугари фашисти.
Затоа некој од советниците на брат му на Вице Н. нека му каже да не лаже, срамота е и греота.
Никој не може Македонците да ги нарекува глупи и криминалци само затоа што во одреден период земјата ја владееле идиоти и криминалци. Истото важи и за Бугарите и нивниот фашизам.
И во втората светска војна имало Бугари фашисти и добри луѓе, и сега има Бугари неонацисти и добри луѓе.
И тогаш имало Македонци идиоти и умни луѓе, и сега има исти такви категории, некои се идиоти а некои жртви на идиотите.
Кој е сега идиот читателите ќе проценат сами.






