Претседателот на Обединети за Македонија и посебниот советник за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Љубе Бошкоски, по денес објавената аудио-бомба во која се слуша како лидерот на СДСМ во 2016-та со вулгарен речник зборува за таканаречените „шарени“ револуционери се самоповика да се стави во одбрана на Зоран Заев.
„Во врска со објавениот разговор, сакам да изјавам“, пишува Бошкоски на Фејсбук.
„ДПМНЕ на чело со Груевски и Мијалков се тие што му ја расплакаа мајката на народот, а не Заев.
Груевски и Мијалков газеа врз моето достоинство, не Заев.
Јас сум во коалиција со Заев и три години влакно не ми фали.
Заев е човек со историска демократска големина во себе, затоа што иако на политичката оска сме различни, тој докажа дека правдата и македонскиот патриотизам се над политичката идеологија.
Време за довршување на демократизацијата на земјата, за да може да имаме чиста, европска борба на идеи и идеологии“ сподели Бошкоски.





