За првпат во историјата на Олимписките игри близнаци, брат и сестра, во ист спорт и во ист ден станаа олимписки шампиони. 



Хифуми и Ута Абе во интервал од само 30-40 минути станаа олимписки шампиони во џудо. Ова е најдобро постигнување и за Хифуми и за Ута и тоа на најоглемата сцена и на домашно тло. 

Ута Абе во финалната борба во категоријата до 52 килограми ја победи Анандин Бушар од Франција по четириминутното продолжение.

Неполн час подоцна, Хифуми во финалето во категоријата до 66 килограми го победи Грузиецот Важа Маргвелашвили на многу полесен и подоминантен начин.