Компанијата БРАКО изработи и донираше 20 паравани за позициите за фотографирање во новиот пункт за издавање лични документи без закажување во полициската станица во скопска Кисела Вода.
„БРАКО изработи 20 комплети на паравани од челични профили и исполна од лесонитни табли, целосно во мат бела боја, соодветна на потребите за фотографска позадина“, соопштија од компанијата.
Новиот пункт на Министерството за внатрешни работи (МВР) каде што граѓаните ќе може да бидат фотографирани за вадење лични документи е подготвен и наскоро се очекува да биде отворен, информираат од МВР не прецизирајќи го датумот кога тој ќе почне да работи.
Пунктот, според информациите од МВР, се наоѓа во салата на полициската станица „Пролет”. Во објектот се поставени 20 паравани каде што ќе се врши фотографирање за лични документи.








