Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан се ослободуваат од обвинението за бесправна градба на три викенд-куќи во Зелениково во случајот „Тревник“ на СЈО.
Специјалното јавно обвинителство побара казна, но и одземање на бесправно изградените викендички во Зелениково.
Делото за кое се обвинуваатне е кривично дело спотед закон, „пресече“ денеска судијката Марија Клетничка Марковска која го водеше овој предмет во Кривичниот суд во Скопје.
Според СЈО во обвинението за „Тревник“, обвинетите изградиле три викенд-куќи во општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно граделе без одобрение.
„Латас изградил викендичка од 317 квадратни метри, а неговите браќа, викендички со квадратура од 130, односно 104 квадратни метри. Со „бомби“ и други прибавени докази, меѓу кои и сателитски снимки од Гугл мапс, вештачење, како и останата документација и сведоци, СЈО тврдеше дека овие три викенд-куќи биле започнати со градење во 2011 година, а одобрение за нивно градење од општината е добиено во 2013 година кога веќе биле и завршени“потсетува +Инфо.





