Браќата Нефи и Ибро Усеини ќе се бранат од слобода со гаранција во недвижен имот проценет на 850.000 евра, откако денеска излегоа од притвор, јави Телма.



Обвинителството дало позитивно мислење а кривичниот совет на охридскиот суд вчера ја прифатило гаранцијата, и ставена е хипотека  на деловниот простор што го понудиле браќата велат од судот.

Претходно одбраната нудеше гаранција во кеш од 30 илјади евра за да им биде замент притворот, но иако охридскиот суд прифати битолска апелација го укина ваквото решение.